Александер Зверев и Карлос Алкарас за првпат во своите кариери ќе играат во големото финале на Ролан Гарос во Париз. Двајцата тенисери не само што никогаш го немаат освоено турнирот кој се игра на земјена подлога, туку никогаш претходно и не стигнале до финалето.
Оваа сезона Зверев и Алкарас одиграа два меѓусебни натпревари, и двајцата забележаа по една победа. Германецот победи во четвртфиналето на Австралија опен, додека шпанецот славеше во четвртфиналето на Индијан Велс. Меѓусебе имаат одиграно вкупно девет натпревари, а поуспешен е Зверев со четири победи.
Според квотите во Sport Life, трофејот од Франција ќе патува во соседството, односно во Шпанија, со оглед на тоа дека Карлос Алкарас е голем фаворит со квота од 1.37. Квотата за победа на Зверев изнесува 3.20.