Кој е човекот што не се одвојува од Ѓоковиќ и го прероди за 48 часа?

Новак Ѓоковиќ заработи повреда на стомачниот мускул на дуелот со Тејлор Фриц и за малку ќе го предадеше тој меч и ќе се откажеше од борба за титулата на Отвореното првенство на Австралија, но некако успеа да го преброди проблемот и победи, потоа имаше среќа што налета на Милош Раониќ, кој не го „малтретираше“ со долги поени, па Новак триумфираше и против Канаѓанецот. Според многумина, најзаслужен што Ѓоковиќ е во многу подобра состојба е физиотерапевтот Улисес Бадио.

Аргентинецот постојано го придружува Ѓоковиќ, неколку години работи со него.

„Сингл сум и можам да му бидам на располагање 24 часа. Ако ми каже: Одиме во Шангај, одиме, тоа е моја работа“, вели Бадио, кој претходно беше официјален физиотерапевт на Мастерс турнирот во Рим.

Новак по победата над Раониќ, го спомна својот физиотерапевт, кого го вика скратено Ули, како главен човек во неговото закрепнување од повредата.

- Оглас -

Најнови вести