Јирген Клоп дефинитивно е човекот кој успеа да го врати Ливерпул на славните победнички патеки. По долги години лутање, германскиот стратег се покажа како вистинско решение како човек за клупата на англискиот гигант. Клоп во Ливерпул дојде од тимот на Борусија Дортмунд и успеа да освои две титули во Бундеслигата, еден Куп и два Суперкупа на Германија, покажувајќи дека Баерн Минхен не е семоќен.
Токму тие успеси беа доволна препорака за Ливерпул да го купи Клоп, кој во Борусија заврши со биланс од 179 победи, 69 нерешени и 70 порази.
На 8 октомври 2015 година Клоп застана на „Енфилд роуд“ со високо кренати раце во кои го држеше шалот на Ливерпул. Германецот пристигна на местото на Брендон Роџерс и тоа се покажува дека е датумот кој треба со златни букви да биде забележан во историјата на клубот.
Кога пристигна во клубот, Ливерпул беше на осмото место на табелата и немаше амбиции за титула. Не беше лесно Клоп да го врати загубениот победнички менталитет на гигантот, но Германецот беше трпелив и успеа во своите намери. По четири и пол години поминати во Ливерпул, во клупските витрини пристигнаа трофеите од Лигата на шампионите, Суперкупот на Европа, Светското клупско првенство и од синоќа се знае дека ќе пристигне и трофејот кој се чекаше 30 години – тој од Премиер лигата!
Јирген Клоп е вистинскиот херој на Ливерпул, а датумот 8 октомври 2015 година треба да го памтат сите фанови на гигантот од „Енфилд роуд“.
8 October 2015.
An unforgettable day in the history of Liverpool Football Club.
Today, this man has led an unstoppable team to Premier League glory.
The story of Liverpool’s journey to the title: https://t.co/JmMhez1F6Z pic.twitter.com/jBl2BC1fGp
— BBC Sport (@BBCSport) June 25, 2020