Манчестер јунајтед славеше на гостувањето кај Гранада со 2:0 во мечот кој беше еден од најзначајните во 89-годишната историја на шпанскиот тим. Дуелот се играше пред празни трибини, но сепак се случи инцидент од непоканет „гостин“.
По само шест минути игра, гол човек истрча на теренот и го прекина дуелот. Подоцна беше откриено дека голиот човек се вика Олмо Гарсија и е познат нудиста во Гранада. Гарсија важи за успешен бизнисмен, кој сака да излегува и гол да се шета и по улиците на градот.
Неговото објаснување е дека на тој начин се бори за одржување на човечката раса и зачувување на природната средина.
So a streaker interrupted Granada v Man Utd. He was naked… except for wearing a mask pic.twitter.com/a5NzpDmWBF
— The Spanish Football Podcast (@tsf_podcast) April 8, 2021