Еуфорија на аеродромот во Ереван, но не поради пристигнувањето на македонските фудбалери. Ерменците со песни и факли го пречекаа Лукас Селарајан, фудбалерот на американскиот клуб Колумбус кру, кој в четврток против Македонија првпат ќе игра за Ерменија во главниот град на оваа земја.
Селерајан е роден на околу 14.000 километри од Ереван, на друга страна на светот, во аргентинскиот град Кордоба. Тој има ерменско потекло, а иако во 2018 реши да игра за Ерменија, дури во октомври годинава првпат заигра, и тоа на гостински терен. Ерменците еуфорично го пречекаа и веруваат дека Аргентинецот може да им помогне да ја победат нашата селекција и да останат во битка за место на СП во Катар.
Погледнете ТУКА како изгледаше пречекот на Селарајан.