Следува нов викенд и нов предизвик на Спортска прогноза со Sport Life. Во тек е прогнозирањето за 14-тото коло, кое нуди многу интересни дуели. Во понудата се мечеви од Топ 5 лигите во Европа, а ваше е да се обидете да погодите Среќна 13-ка, односно да ги погодите сите 13 парови. Доколку успеете во такво нешто, главната премија во секое коло е мобилен телефон „ајфон 11“.
Доколку имате 11 или 12 погодоци, повторно сте добитни, и тоа вредносни ваучери од 500 или 1.000 денари. Едноставно, ова е бесплатна игра во која може само да проверите какви се вашите обложувачки квалитети, а доколку успеете да бидете со 11, 12 или 13 погодоци, добивате вредни подароци. Сè што треба да имате за да учествувате во играта, е да бидете член на Sport Life клубот, каде што зачленувањето е бесплатно.
Градските дерби-дуели меѓу Манчестер јунајтед и Манчестер сити, како и дуелот за „превласт“ во Мадрид меѓу Реал и Атлетико се најатрактивни во понудата за оваа недела. Неизвесен треба да биде и дуелот ПСЖ – Лион, а како еден вид дерби може да се нарече и средбата во Ливерпул меѓу Евертон и Челзи.
Не чекајте, прогнозирајте!