Кој е газда во Мадрид, а кој во Манчестер? Прогнозирајте и добијте „ајфон 11“!

Пред нас е викенд полн со дерби-мечеви, а тоа значи дека ќе има и многу возбудувања во 26-тото коло на Спортска прогноза. Од понудените 13 натпревари, најатрактивни се градските дерби-дуели, кои може да решат многу дилеми околу прашањето за титулите во Шпанија и Англија.

Атлетико Мадрид од лидерската позиција ќе го пречека Реал Мадрид, а домаќините со победа може да ги „отпишат“ Кралевите од трката за одбрана на тронот во Примера дивисион. Сепак, Реал знае да биде најдобар кога е најпотребно, па ова е меч кој ќе биде интересен за прогнозирање.

Градско дерби, и тоа меѓу првиот и вториот на табелата, се игра и во Премиер лигата. Сепак, тука работите се многу појасни отколку во Шпанија. Манчестер сити како апсолутен лидер го пречекува Манчестер јунајтед. Граѓаните наредија 21 победа по ред и сега против градскиот ривал ќе сакаат таа низа да продолжи. Од досега направени мад 500 прогнози, 60 отсто очекуваат „кец“.

На понудата во ова коло има уште 11 интересни дуели, а предизвик за секој што игра е да погоди Среќна 13-ка. Со погодени сите 13 натпревари, главната премија е „ајфон 11“ што го доделува Sport Life. Подароци има и за 12 и 11 погодоци. Со 12-ка станувате добитник на вредносен ваучер од Sport Life во износ од 1.000 денари, додека за 11-ка вредносниот ваучер изнесува 500 денари.

Не чекајте, прогнозирајте на бесплатната игра! Никогаш не се знае кога среќата може да ви се насмевне.

- Оглас -

Најнови вести