Кога се играат некои клучни мечеви, не ретко може да забележиме голманот на екипата којашто губи најчесто со еден погодок, пред крајот на мечот да истрча во противничкиот шеснаесетник во обид да го загрози голот на својот колега од спротивната страна.
Во една таква ситуација се случува голманот да биде стрелец токму на посакуваниот гол, но има и ситуации кои се навистина ретки, а тоа е кога чуварот на мрежата ќе се најде во офсајд-позиција. Кога се работи за голман што бил во офсајд-позиција, Ивица Краљ е светски рекордер кој дури трипати во кариерата бил во недозволена позиција пред противничкиот гол.
Легендата на Партизан често знаеше да се најде пред противничкиот гол, а дури трипати бил во офсајд. Според многумина, Краљ доколку играше како напаѓач, ќе беше мајстор за офсајди, епитет кој го држи легендарниот италијански голгетер Филипо Инѕаги.