Кој е идолот на Нејмар, Меси или Роналдо?

Многу дебати и дилеми има за тоа дали Кристијано Роналдо или Лионел Меси е најдобриот фудбалер на денешницата. Меси има шест Златни топки, а Роналдо има пет вакви одличја, што значи дека овие фудбалери доминиарат повеќе од една деценија на светската сцена.

Еден од оние кои ги сметаат како наследници на Меси и и Роналдо, секако, е Нејмар. Бразилецот засега нема освоено ниту една Златна топка, а сигурно има квалитет да биде запишан во оваа листа на најдобрите. Запрашан дали Меси или Роналдо е неговиот тип играч, Нејмар имаше интересен одговор.

„И двајцата се мои идоли. И Лео Меси и Роналдо. Ако можам да земам од двајцата по малку од нивната игра, ќе бидам најсреќен“, вели Нејмар.

Бразилецот неколку сезони беше соиграч со Меси, но потоа реши да направи трансфер во Пари Сен Жермен, каде што сега е еден од главните играчи заедно со Килијан Мбапе.

 

- Оглас -

Најнови вести