Кој е наследникот на Тоти кој синоќа испиша историја за Рома?

Само 33 минути на теренот му беа доволни на Кристијан Волпато да покаже дека е голем талент со кој треба да се гордее Рома.

Синоќа на дуелот со Верона, Волпато го даде клучниот гол за 2-1 во 88-мата минута, а имаше и асистенција за 3-1. Со 18 години и 350 дена тој е најмладиот играч на Рома кој на еден ист меч имал и гол и асистенција.

„Шефот ме викна да влезам во игра, немав време ни да се загреам. Среќен сум што имав влијание врз мечот, Мурињо ми рече дека сум имал многу среќа“, изјави Волпато, кому ова му беше шести настап за првиот тим.

Волпато има австралиско потекло, пораснал во Сиднеј, а пред две години се преселил во Италија. Рома го забележала на турнир во Малезија. Договорот со Волчицата му е до 2026 година, а во агенцијата која го застапува, главен агент е Франческо Тоти, најголемиот во историјата на клубот од Рим.

- Оглас -

Најнови вести