Кој е новиот Египќанец што ја излуди Европа: Салах добива наследник, може да дојде и во Ливерпул

Доминацијата на Мохамед Салах на европската фудбалска сцена уште не е завршена а веќе се појавува нов египетски голгетер, кој е на прагот да биде наследник на ѕвездата од Ливерпул. Се работи за Омар Мармуш, 25-годишниот напаѓач од Ајнтрахт Франкфурт, кој оваа сезона веќе има постинато 10 голови во првите девет кола од Бундеслигата. Освен двоцифрениот број на погодоци во првенството, Мармуш веќе има и шест асистенции, што доволно покажува дека се работи за комплетен напаѓач.

Египетскиот репрезентативец кариерата ја започна во родната земја, а во летото 2020 година направи трансфер во Германија и тоа во екипата на Волфсбург, а неговата вредност тогаш била само 100.000 евра.

Потоа игра играно и во Сент Паули и Штутгарт како позајмен играч, за да на 1 јули 2023 година направи трансфер во Ајнтрахт Франкфурт за сума од шест милиони евра. По блескавите игри во оваа сезона, вредноста на Мармуш вртоглаво порасна, па се верува дека на трансфер пазарот сега може да биде продаден и за дури 60 милиони евра, односно 10 пати повеќе од сумата за која беше доведен во Ајнтрахт.

Шпекувациите се дека дури и Ливерпул може да биде следниот клуб на Мармуш, па буквално да биде наследник на Салах.

 

- Оглас -

Најнови вести