Судијата не призна гол за Португалија, Роналдо збесна (Фото+Видео)

Србија и Португалија ремизираа 2:2 во меч одигран во Белград, во рамките од второто коло до квалификациите за Светското првенство во Катар. Двете селекции доминираа во по едно полувреме. Португалија речиси на идентичен начин даде два гола во првиот дел, кога Диого Жота погодуваше со глава.

Во второто полувреме Србите беа тие кои тргнаа напаѓачки и преку Митровиќ намалија на 1:2 во 46 минута, а Костиќ погоди за 2:2 во 60 минута. Кога се чинеше дека дуелот ќе заврши без возбудувања, во 93 минута, Роналдо се најде во ситуација да погоди, шутираше, а топката одеше кон голот.

Еден од домашните играчи ја исфрли во поле, а Роналдо сигнализираше дека тоа е чист погодок, но судиите не се огласија.

https://streamable.com/x1pnuq

Во мечевите од квалификациите за СП нема ВАР систем и гол линија технологија, па останува проценката на судиите, а на Роналдо џабе му беше што покажуваше колку топката влегла во голот.

Погледнете ги погодоците од мечот во Белград

https://twitter.com/i/status/1375900713331654658

Голот за 0:2

https://twitter.com/i/status/1375906824889757700

Голот за 1:2

https://twitter.com/i/status/1375913421674311687

голот за 2:2

https://twitter.com/i/status/1375917843657551873

 

- Оглас -

Најнови вести