Дека не мора да се има долга традиција и многу европски успеси за да се стигне до европската елита се потврдува летово со настапите на кипарскиот првак Пафос. Се работи за клуб кој е формиран пред само 11 години, а сега е на чекор од пласман во групната фаза во Лига на шампиони.
Пафос е клуб кој на 10 јуни 2014 година, а за само три години успеа да се најде во првата лига на Кипар. Во 2017 година, клубот се најде под контрола на „Тотал Спортс Инвестментс“, поврзана со британскиот бизнисмен Роман Дубов. Од тогаш започнува и програмата за професионализација на првиот тим и стартот на академијата на клубот.
Во 2020 година започна да работи и тренинг центарот, а Пафос од сезона на сезона растеше на секое поле. Во 2023 година за тренер е назначен Шпанецот Хуан Карлос Карседо. Со шпанскиот стратег започнува и ренесансата на Пафос.
Во сезоната 2023/24, Пафос го освои својот прв трофеј и тоа во Купот на Кипар. Со тој трофеј, Пафос си обзбеди и место во европските купови, односно во квалификациите во Лига на Европа. Минатата сезона, Пафос со 2:8 беше елиминиран од Елфсборг од Шведска, но продолжи во квалификациите на Конференциската лига. Таму ги елиминираше Жалгирис, ЦСКА 1948 и Клуж во квалификациите и обезбеди место во групата од Конференциската лига.

По одиграните шест кола, Пафос обезбеди место во нокаут фазата, а беше елиминиран од Дјургарден со вкупен резултат од 1:3.
Минатата сезона Пафос прв пат стигна до титулата во домашното првенство и обезбеди пласман во квалификациите од Лига на шампиони каде што блеска. во првото коло беше слободен, а потоа во второто коло го елиминираше Макаби Тел Авив во двомечот со 2:1 (1:1 и 1:0). Во третото коло го изненади и Динамо Киев, од кој беше подобар со вкупен резултат од 3:0 (победи од 1:0, 2:0).
Сонот на Пафос продолжи и вечерва откако со 2:1 славеше во Белград против Црвена ѕвезда и сега на реваншот на свој терен доволно е да не загуби за да обезбеди место во групната фаза од Лига на шампиони.

