Италијанецот Чезаре Казадеи е нов член на Челзи. Сините од западен Лондон за него на Интер му платија 20 милиони евра. Многумина се запрашаа, а кој е Казадеи?
Казадеи е 19-годишен фудбалер кој потпиша шестгодишен договор со Челзи и иако нема одиграно ниту една минута за сениорскиот состав на Интер, беше меѓу лидерите во младинската лига Примавера и ќе се обиде уште сезонава да се наметне во првиот тим на Челзи.
Казадеи игра во средниот ред и комплетен е според скаутите: има одлична техника, знае да дава голови, а и физички е силен и добар е во воздушни дуели. Го споредуваат со Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Тој во прво време ќе настапува за У-21 тимот на Челзи, но ќе тренира и со првата екипа, а од неговиот развој ќе зависи кога ќе дебитира во Премиер лигата.
Како дете навивал за Милан, но кога го облече дресот на Интер, тоа се смени. Во Интер учеше од Брозовиќ и Барела, а и во Челзи има одлични играчи за врска од кои ќе проба да го земе најдоброто.