Кој е клубот што доминираше во Премиер лигата за оваа декада?

Манчестер сити е најуспешниот клуб за оваа декада ако се гледаат освоените бодови во Премиер лигата. Граѓаните одиграа 381 меч и имаат биланс од 251 победа и 65 порази, со вкупно 818 освоени бодови. Зад Сити е градскиот ривал Манчестер јунајтед, кој на 380 мечеви има 220 победи и 747 освоени бодови. Трет е Челзи со еднаков број 220 победи, но има седум порази повеќе, па затоа освои 740 бодови.

Интересно е што билансот на Сити не е најдобар билас на еден тим во декада во Премиер лигата. Манчестер јунајтед во претходната декада, односно од 2000 до 2009 година имаше 255 победи, односно четири триумфи повеќе од тоа што Сити освои во оваа декада која изминува.

 

- Оглас -

Најнови вести