12.8 C
Skopje
среда, 24 септември 2025

Кој фудбалер ќе даде гол? Дури 122 играчи во Sport Life понудата за стрелец на меч!

Последното коло во Европските најдобри лиги пред стартот на Светското првенство во Катар треба да го искористат сите оние кои сакаат да се обложуваат на фудбалери што ќе постигнат гол. Во оваа викенд понуда има дури 122 играчи од шест различни првенства, на кои може да се обложите дека ќе постигнат гол.

Привлечна е понудата за тоа дека Салах ќе даде гол за Ливерпул во дуелот со Саутемптон, а од Ливерпул на понудата ги има и Фирмино и Нуњес. Вкупно 24 фудбалери има од Премиер лигата во понудата за стрелци, а тука секако се Варди, Кејн, Обамејанг, Габриел Жезус, Кристијано Роналдо…

Во понудата за стрелци во италијанската Серија А, тука се голгетерите од Наполи, потоа ги има и Мартинез и Џеко двајцата од Интер, Пулишиќ од Аталанта, триото од Милан Жиру, Ребиќ и Леао и уште неколку други офанзивци кои може да ја затресат мрежата на противникот.

Од Баерн Минхен во Германија на понудата се Мане, Чупо-Мотинг, Гнабри и Милер, а има играчи и од Лајпциг, Волфсбург, Хофенхајм, Херта, Келн, Баер Леверкузен, Шалке…

Стрелци на голови може да најдете и од првенствата во Франција, Холандија и Турција.

- Оглас -

Најнови вести