Кој ги одигра Квотите на денот за 100 денари, сега е побогат за 100 евра! (Фото)

Петте меча кои беа дел од понудата во Квотите на денот во Sport Life беа перфектно погодени, а сите заедно носеа квота од 60.11. Уште утрово советувавме дека оваа комбинација може да се одигра само со 100 денари за да се заработи речиси 100 евра. На крајот, тоа и се случи, а честитки за сите оние кои ги одиграа овие пет понудени комбинации.

Лион со 3:1 славеше над Рен за добитна комбинација 1Х&ГГ, што носеше квота од 2.30. Во Франција играа и Нант – Монако, а дуелот заврши 2:2, што беше доволно за погодена комбинација Х2&2-4, што носеше коефициент од точно два.

Дербито во Англија меѓу Ливерпул и Арсенал заврши 2:2, а погодоци имаше во двете полувремиња, па одлично дојде на типот ГГ&1+I&1+II. Спортинг Лисабон се намачи, но на крајот победи на гости кај Каса Пија, а тука играта беше гостите да дадат од 1-3 погодоци во првото и во второто полувреме. На полувреме резултатот беше 2:2, а на крајот Спортинг победи со 4:3.

Атлетико Мадрид победи на гости во дуелот со градскиот ривал Рајо Вајекано и славеше со 2:1, а погодокот на Рајо во второто полувреме беше многу важен за да излезе добитна комбинацијата 2&1+второ за добитна квота од 2.50.

Сите комбинации кои беа понудени рано утрово за денешната понуда може да ги видите ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести