Маурисио Сари се изнервира на последниот тренинг на Челси пред утрешното финале во Баку со Арсенал во Европа Лигата и предвреме си замина.
Се уште е нејасно која е причината за ваквиот потег на тренерот на Челси, но на видеото се гледа дека е бесен, а на патото кон соблекувалната ја фрли капата и почна да шутира се околу себе.
Утре во Баку од 21 часот лондонските ривали ќе играат прво финале меѓусебе во европските купови, а влогот е пехарот во Европа Лигата и настап идната сезона во Лигата на шампионите.
https://twitter.com/3zooz_CFC/status/1133434718001803264