Кој и да брани за Њукасл во финалето, нема да биде добро

Екипата на Њукасл в недела на „Вембли“ ќе се обиде да го победи Манчестер јунајтед во финалето на Лига купот и по долго време да освои некаков трофеј, но Чавките имаат еден потенцијално сериозен проблем и дилема – кој да биде на голот.

Црвениот картон на Ник Поуп минатиот викенд го стави Њукасл во ситуација да мора во финалето да брани третиот или четвртиот голман. Освен Поуп, кој е суспендиран, ни неговата прва резерва Мартин Дубравка нема право на настап бидејќи сезонава тој веќе бранеше во Лига купот, и тоа за Манчестер јунајтед.

Така изборот се сведува на Марк Гилеспи и Лорис Кариус.

Гилеспи две и пол години нема настап на официјален меч, а познат е по тоа што со сопругата сакаат да шетаат и да објавуваат фотографии од егзотични дестинации.

Германецот Кариус не е човек од доверба, доказ се неговите незаборавни киксеви од финалето на Лигата на шампионите во 2018 година, кога во Киев го закопа својот Ливерпул против Реал Мадрид. Кариус уште нема настап за Њукасл, за кого потпиша во септември минатата година, а не бранел на официјален меч точно една година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести