Финалето на Лигата на Европа помеѓу Севиља и Рома во Будимпешта ќе значи крај на една убава серија без пораз или за Андалузијците или за тренерот Жозе Мурињо.
Севиља има шест финалиња во Лигата на Европа и досега ги доби сите шест. Нема да им биде лесно, но не беше лесно ни да се елиминираат гигантите Манчестер јунајтед и Јувентус, па тимот од југот на Шпанија ќе има добри шанси во финалето.
Но, од другата страна ќе биде тимот кој лани ја освои Конференциската лига и покажа дека знае да игра нокаут-дуели. Најголемиот адут на римската Волчица е тренерот Жозе Мурињо. Португалецот има пет финалиња во европските купови и неговите тимови ги добија сите пет.
Ова значи дека или Севиља или Мурињо првпат ќе загубат европско финале.