Кој и зошто го помодри окото на Хари Мегваер?

Ѕвездите од Премиер лигата, Хари Мегваер, Каспер Шмајхел, Деклејн Рајс, Џордан Хендерсон, Бен Ми, како и поранешниот фудбалер Џермејн Џенас се појавија како дел од кампањата против злоставувањето на „online“, а нивните модринки на лицето ги збуни многубројните фанови.

Никој од овие фудбалери не е претепан, туку се работи за акција која треба да го сврти вниманието дека злоставувањето преку интернет може да има создаде исто така негативен ефект како злоставувањето во живо.

„Прелесно е да се заборави дека зборовите пренесени на интернет може да имаат исто влијание како зборовите пренесени надвор од социјалите мрежи“, е пораката на оваа акција.

 

- Оглас -

Најнови вести