Кој има полесен распоред до крајот, Сити или Ливерпул?

Манчестер сити и Ливерпул продолжуваат во „мртва трка“ за титулата во Премиер лигата. Со победата во градското дерби против Манчестер јунајтед, сега Сити е нов лидер во првенството. „Граѓаните“ имаат 89 бодови, а Ливерпул е втор со 88 бодови. До крајот на првенството остануваат уште три кола, а тимот на Јирген Клоп ќе чека кикс на актуелниот првак.

Шампионатот продолжува веќе утре, кога Ливерпул на свој терен игра против испаднатиот Хадерсфилд, а в недела Сити ќе гостува кај Барнли. Потоа следува 37-мото коло, кога „граѓаните“ на свој терен ќе играат против Лестер, а Ливерпул ќе гостува кај Њукасл.

Во последното коло, кое се очекува да биде и решавачко за тоа кој ќе биде првакот, Ливерпул на „Енфилд роуд“ ќе игра против Вулверхемптон, а актуелниот првак ќе гостува кај Брајтон.

Тренерите и на Ливерпул и на Сити се едногласни дека двата тима имаат неверојатна сезона и дека двата клуба заслужуваат да бидат прваци, но, за жал, на крајот тоа може да биде само еден.

 

- Оглас -

Најнови вести