Кој испаѓа, тој прв и отпушта

Кој испаѓа, тој и отпушта фудбалери, а први реагираа по неуспесите Работнички, Беласица и Вардар.

Романтичарите не успеаја да обезбедат пласман во Европа, а ги делеа само секунди од квалификации во Европа Лигата, па одлучија да почнат со реконструкција на тимот.

На поранешниот капитен на младата македонска репрезентација Владимир Димитровски договорот му заврши и како што објавија од Работнички тој може да си замине.

Спогодбено раскин на договорите добија голманот Даниел Божиновски, бекот Бојан Ѓоргиевски и Ерменецот Давит Манојан, објавија романтичарите на својата клупска страница.

Беласица ќе мора да игра во Втората лига, а ги ослободи од обврските српските интернационалци Вујанац и Маслаќ, поранешниот македонски репрезентативец Душан Савиќ, Германецот Стефан Вујчиќ и Пепи Георгиев.

Слична е ситуацијата и во Вардар, кој не доби лиценца за европски настап, па си заминуваат Хуан Фелипе, Вилијан Лира, Кларенс Битанг и Горан Попов.

- Оглас -

Најнови вести