Црвена ѕвезда синоќа со 2:0 го победи Хелсинки во првиот меч од квалификациите за Лигата на шампиони. Но и покрај двата гола на теренот, фокусот на вниманието го украде една девојка, Татјана Шајковиќ, портпаролка на најтрофејниот клуб во Србија, а по завршување на средбата, главна тема беше токму изгледот на младата девојка.
Згодната Татјана со длабокото деколте го деконцентрираше тренерот на Црвена ѕвезда, Владан Милојевиќ, кој со сите сили се обидуваше да гледа секаде, само не во градите на жената која седеше до него.
„Навивам за Црвена ѕвезда уште како малечка. Мојот постар брат е страствен навивач на Ѕвезда, па со него секогаш одев на стадион и ги следев мечевите. Потоа тој престана да оди редовно, но јас не се откажав. Завршив новинарство, а спорт е единствената тематика со која сакам да се занимавам“, рече неодамна Татјана.
Само неколку дена пред Татјана да се промовира во јавноста, сите коментираа за портпаролката на Војводина. Беба Кружевиќ е гласоговорничка на тимот од Нови Сад. И тренерот на Војводина, Лалатовиќ, исто така се мачеше додека требаше да одговара на прашања, а паметот му беше на друго место.
Во Хрватска, Сандра Шпичиќ неколку години ја имаше истата улога како што сега ја имаат Татјана и Беба во Ѕвезда и Војводина.