Кој како се снајде – Керем ќе конкурира за утка на годината, Нико покажа како реагира вистински дефанзивец (Видео)

Нико Елведи покажа како треба да реагира вистинси дефанзивец во финишот на првото полувреме од дербито во Менхенгладбах, и спаси чист гол за Баер Леверкузен, иако тоа не и помогна многу на Борусија да избегне пораз.

Во 45. минута сосема спротивно од стоперот на домаќините, лоша реакција имаше Керем Демирбеј, играчот на Баер Леверкузен и репрезентативец на Германија, па пропушти зицер за гол од само два-три метри.

Керем како да беше сигурен дека ќе погоди за 2:0 за Баер, но како од земја изникна стоперот на домаќините, Елведи и му го блокираше ударот, само за корнер за гостите.

Nico Elvedi goalline block on Demirbay’s shot from soccer

За среќа на Демирбеј гостите од Леверкузен не беа казнети и победија со 3:1 во Менхенгладбах со што го претркаа токму денешниот ривал на третата позиција со 53 бода и останаа во трката за титулата. Борусија падна на четвртото место со 52 бода, зад Баер, Борусија Дортмунд со 57 бода и лидерот Баерн со 58 и меч помалку.

- Оглас -

Најнови вести