До крајот на Европското првенство во Германија останува само уште еден натпревар, оној најважниот – финалето помеѓу Шпанија и Англија. Освен борбата за трофејот, во финалето ќе има и жестока борба за „златната копачка“, односно за титулата најдобар стрелец.
Дани Олмо од Шпанија и Хари Кејн од Англија имаат по три погодоци и се во пол-позиција, но шанса имаат и Фабијан Руис и Џуд Белингам со по два гола. Има и неколкумина фудбалери со по еден гол, но тешко некој од нив да дојде до хет-трик во финалето.
Во моментов Олмо е фаворит бидејќи има две асистенции, а Кејн нема ниту една, а во случај на еднаков број голови, одлучува поголемиот број асистенции. Третиот критериум е помалку одиграни минути, а и тука Олмо е во предност бидејќи има одиграно 341 минута, наспроти 544 на Англичанецот.