32.8 C
Skopje
четврток, 7 август 2025

Кој ќе биде новиот светски првак? Ферстапен тргнува од пол позицијата, но Хамилтон е фаворит за победа

Кулминацијата на неверојатната сезона во Формула 1 шампионатот е денеска. На патеката во Абу Даби се бози последната трка од првенството, која треба да го одлучи новиот првак.

Во пресрет на денешната трка, Макс Ферстапен и Луис Хамилтон имаат ист број на бодови. Двајцата се на 369,5 поени, што значи дека тој што ќе биде подобар од нив двајца на денешната трка, ќе стане светски првак. Доколку двајцата возачи испаднат или бидат на позиции кои не носат поени, Ферстапен ќе биде шампион, благодарение на тоа што има повеќе победи сезонава (Холанѓанецот има девет победи, а Хамилтон сезонава поведи осум пати).

На страна на Ферстапен е и тоа што тој вчера имаше најдобро време во квалификациите и ќе стартува од пол-позицијата, но веднаш до него ќе биде Хамилтон од второто место.

На страна на Британецот е искуството, затоа што тој досега има седум титули светски првак, додека Ферстапен се бори за првиот планетарен трон. Доколку Хамилтон успее и сега да стане светски првак, тој ќе го сруши рекордот на легендарниот Михаел Шимахер, кој исто така има седум светски титули во кариерата.

Според коефициентите во Sport Life, Хамилтон иако стартува од второто место, има блага фаворитска улога да биде победник на решавачката патека. Трката се вози од 14 часот, а два часа подоцна би требало да се знае новиот светски владетел во Ф1 шампионатот.

- Оглас -

Најнови вести