7.8 C
Skopje
недела, 7 декември 2025

Кој ќе биде светски шампион во Формула 1?

Близу девет месеци по започнувањето на сезоната 2025, возачите во Формула 1 ќе застанат на стартниот ред за последен пат оваа година на Гран При на Абу Даби.

Пресметката на „Јас Марина“ ќе одреди кој ќе биде новиот светски шампион, а во борбата за титулата се вклучени тројца возачи. Тоа се лидерот во генералниот пласман Ландо Норис, актуелниот четирикратен шампион Макс Ферстапен кој заостанува 12 поени, и аутсајдерот Оскар Пјастри, кој има негатива од 16 поени во однос на својот колега во Мекларен.

Тројцата ќе ги заземат првите три позиции на стартот на трката, при што предност ќе има Ферстапен, кој ќе стартува од пол-позицијата. До него во првиот ред ќе се најде големиот фаворит за шампионската титула Ландо Норис, додека Пјастри ќе тргне од третата позиција.

Австралиецот Пјастри ќе го дели вториот ред со Џорџ Расел, а зад нив во третиот ред ќе бидат Шарл Леклер и Фернандо Алонсо.


Габриел Бортолето, Естебан Окон, Исак Хаџар и Јуки Цунода ќе ја комплетираат топ 10 на стартот на финалната трка од сезоната 2025.

Возбудата за љубителите на Ф1 ќе биде максимална, а може да биде надополнета и со квотите од Sport Life. Може да се обложите на победник, на најбрз круг, кој прв ќе отпадне од трката и многу други игри.

- Оглас -

Најнови вести