Кој ќе биде вториот патник во полуфиналето: ТФТ или Еуро Никел? (Фото)

Екипата на МЗТ Скопје веќе е во полуфиналето од кошаркарскиот плеј-оф, а вечерва ќе биде познат и вториот патник помеѓу најдобрите четири во македонската кошарка. Екипите на ТФТ и Еуро Никел ќе ја играат “мајсторката“, бидејќи двете екипи забележаа по една гостинска победа во досегашниот тек од серијата и резултатот е израмнет, 1-1 во победи.

Екипата од скопската населба Тафталиџе е фаворит на натпреварот со квота од 1.66, но доколку Еуро Никел ја повтори играта од минатата недела и повторно победи во “Кале“, тогаш квотата е далеку повисока, дури 2.30.

Дел од понудата на Sport Life се и натпреварите од плеј-аут лигата. Екипата на Чаир е лидер во оваа конкуренција и сосема очекувано е фаворит на гостувањето кај Куманово. Квотата за нивната победа е 1.56, додека за изненадување на Куманово е 2.55.

Интересно се очекува да биде во Струмица, каде истоимената екипа го пречекува составот на ФМП Академија. Струмичани се последнопласирани на плеј-аут табелата, но како фаворити влегуваат во овој натпревар со квота од 1.87.

Доколку Чаир и ФМП забележат победи на денешните натпревари, тогаш се ќе биде познато, тие ќе си обезбедат сигурен опастанок во прволигашката кошарка и за наредната сезона, а Куманово и Струмица ќе се преселат ранг подоле.

- Оглас -

Најнови вести