Сопругата на Мауро Икарди, Ванда Нара која е и агент на познатиот играч посакува трансфер на Аргентинецот во Јувентус, а француските и италијанските медиуми објавија дека е можна трампа со ПСЖ, а кај шампионот на Франција би заминал Пауло Дибала.
Иако тоа е чудно сценарио, сепак е можно, бидејќи ниту Икарди, ниту Дибала не се веќе во прв план во двата клуба. Јувентус ќе се обиде да го доведе Икарди, без да ризикува да го загуби Дибала, но тоа ќе биде скап проект.
Пари Сен Жермен го купи Аргентинецот за 55 милиони фунти, лани летото и нема намера да го продаде за помалку пари. Старата Дама не сака да плати толкава сума пари за Икарди, па сега се шпекулира дека е можно Дибала да замине во Париз, што му одговара на ПСЖ.
Пауло играше за Јувентус против Наполи по долга пауза од два месеци и го постигна победничкиот гол, но се уште одбива да го продолжи договорот со се уште актуелниот првак на Италија.