Кој ќе го замени Карим Бензема во нападот на Реал Мадрид? Ова прашање си го поставуваат сите навивачи на “кралскиот“ клуб, но и воопшто сите љубители на фудбалот.
Бензема после 14 години си замина од Реал Мадрид и кариерата ќе ја продолжи во Ал-Итихад во првенството на Саудиска Арабија, иако сите очекуваа дека ќе остане на “Сантијаго Бернабе“ и тука ќе ја заврши фудбалската кариера.
Секако најголеми желби се Халанд и Мбапе, но речиси е невозможно Реал да ги ангажира во летниот преоден рок. На врвот на листата е и Хари Кејн од Тотенхем, а доколку “кралевите“ не успеат да го ангажираат ниту англичанецот, тогаш сите сили ќе бидат насочени кон Виктор Осимен, Лаутаро Мартинес и Душан Влаховиќ.