Кој ќе ја има фаворитската улога во финалето, Шпанија или Хрватска?

Шпанија и Хрватска се ракометните велесили кои утре ќе се борат за златото на Европското првенство. Двете репрезентации сосема заслужено се најдоа во финалето, затоа што во осум меча на турнирот немаа ниту еден пораз.

Шпанците победија седум пати, а само еднаш ремизираа и тоа токму во дуелот против Хрватска, во последниот меч од главната групна фаза. Коцкестите наредија шест победи, а потоа одиграа два инфаркт дуели. По ремито со Шпанија, следуваше полуфиналето против Норвешка, на кое мораа да се одиграат 80 минути за да се дознае победникот. На крајот Хрватска се радуваше.

Во пресрет на утрешното финале, Sport Life ги извади коефициентите кои велат дека Шпанија ќе ја има фаворитската улога. За победа на Шпанија коефициентот е 1.75, додека Хрватска да стане првак по 60 минути игра, коефициентот е 2.60. За повторно да одиграат нерешено, коефициентот е 8.50.

Според прогнозите, се очекува меч со вкупно околу 52 гол, односно доколку е неизвесно, мечот би завршил 26:26.

 

- Оглас -

Најнови вести