Изминатиов период, серијата „Сквид Гејм“ стана светски позната и ги урна сите рекорди на гледаност, а за тие што ја немаат гледано, во кратки црти објаснето изгледа вака:
Побрзиот, посмирениот и поумешниот на крајот победува, додека губитниците се лишани од живот.
Нешто слично ќе биде и на средбата меѓу Тотенхем и Манчестер јунајтед (18:30 часот) каде што ќе се води битка меѓу Нуно Еспирито Санто и Оле Гунер Солскјер, на крајот се разбрира оваа битка нема да мине со човечки жртви.
Едноставно победникот од средбата ќе ги смири работите во својот клуб и ќе остане да го води тимот и понатаму, додека за поразениот ова ќе значи и крај, со оглед на катастрофалната форма во која што се наоѓаат и двете екипи.
Останува да се види кој ќе биде победникот на овој меч со кој се комплетира денешната премиерлигашка понуда.