Кој ќе биде нов европски шампион во кошарка? Ова е тешко прашање ако се знае какви драми и изненадувања донесе елиминациската фаза на Евробаскетот 2022. Доколку мислите дека знаете кој ќе го освои пехарот, обложете се во Sport Life.
Најдобрата обложувалница ги објави квотите за победник на Евробаскетот. Прв фаворит сега е Франција со квота 2.40, пред домашната Германија со 2.75. Потоа следува Шпанија со 4.50, а најголем аутсајдер е Полска со квота 10.
Французите чудесно се спасуваа од порази во осминафиналето и четвртфиналето, па карактерот и среќата кои ги имаа, ги исфрлаат на врвот. Германија одигра неверојатно против Грција, ја уништи со шут од далечина и 107 постигнати поени, па тешко дека може да го повтори тоа против Шпанија, која од 1999 наваму постојано е полуфиналист или финалист на европските првенства.
Полска приреди чудо синоќа против Словенија, па Европа ќе добие нов владетел за следните четири години. Перверзијата на системот на ФИБА е таков што Полјаците може да бидат шампиони, а како и Македонија, играат и претквалификации за следното ЕП. Полјаците првпат после 1971 пак се полуфиналисти.