Со полуфиналните дуели Фенербахче – Анадолу Ефес (18 часот) и ЦСКА Москва – Реал Мадрид (21 часот), вечерва во шпанскиот град Виторија стартува битката за евролигашката титула за оваа сезона. Реал го брани трофејот од лани, но единствено нешто што е сигурно пред почетокот на фајнал фор турнирот е дека во финалето ќе има еден тим од Истанбул. Слукас од Фенер и Кајл Хајнс од ЦСКА може да станат единствени активни играчи со четири евролигашки титули.
„Канаринците“ на Жељко Обрадовиќ имаат проблеми со повредите, на терен нема да се појават Датоме и Ловерњ, а Калиниќ и Весели штотуку закрепнаа. Фенер е фаворит на хартија, Обрадовиќ ја брка својата десетта европска титула. Гркот Слукас никогаш нема загубено полуфинале на Ф4, во сите шест полуфиналиња, неговите тимови славеа. Фенер петта година по ред е на завршницата.
Од друга страна, „пиварите“ кои по 19 години повторно се на финалниот турнир, ќе се обидат да приредат ново изненадување. Ефес никогаш не бил европски првак и нема притисок, игра брза кошарка и може да биде многу опасен во вакви мечеви каде што нема поправен и сè се одлучува во 40 минути.
Второто полуфинале е вистинска класика. ЦСКА и Реал трета сезона по ред ќе играат еден против друг на Ф4 турнир. Пред две години се радуваа Русите, лани мадриѓаните. Иако Реал е тим со најмногу скокови во Евролигата, во двата дуели со ЦСКА сезонава, „армејците“ беа подобри во тој елемент и го победуваа Кралскиот клуб. Виторија е среќно место за тренерот Пабло Ласо, Реал ќе може да смета на поддршка од трибините, но ЦСКА во „Фернандо Буеса“неодамна играше четвртфинале против Басконија и добро им е познат теренот.
За да ви биде поинтересно гледањето на мечевите, може да земете баскет или кригла за пиво од SL маркетот.
Сите корисници кои се дел од Sport Life клуб, со собирање поени може да земат кошаркарска топка преку Sport Life маркетот.