Англискиот првак Манчестер сити е под опасност дека може да биде драстично казнет, откако беше објавено дека клубот веќе години наназад го прекршувал финансискиот фер-плеј.
Англиските медиуми шпекулираат дека на Сити ќе му бидат одземени бодови, но можно е дури да биде исфрлен од Премиер лигата. Интересно е дека ако Граѓаните бидат исфрлени од првенството, ќе треба да се поништат резултатите на овој тим, а во таа ситуација би имало и нова табелата во Премиер лигата.
Во една таква хипотетичка ситуација, доколку Сити биде исфрлен, најмногу ќе профитира актуелниот лидер на табелата, Арсенал. Топчиите сега имаат 50 бода и ако Сити биде исфрлен, ќе останат на 50 бодови.
За разлика од Арсенал, Манчестер јунајтед, кој сега има 42 бода, ќе остане со три помалку затоа што сезонава Црвените ѓаволи еднаш го победија градскиот ривал. Њукасл, кој има 40 бода, ќе остане со еден бод помалку, а без три бода ќе остане и Тотенхем, кој пред неколку бода го победи Сити.
Тоа значи дека лидерот Арсенал само ќе ја зголеми предноста на врвот на табелата, па ако сега има само пет бода повеќе од Сити, а осум повеќе од Јунајтед и 10 повеќе од Њукасл, во една хипотетичка ситуација Топчиите би имале двоцифрен број бодови во однос на сите останати ривали.
Еве како би изгледала табелата во Премиер лигата доколку Сити биде исфрлен.