Кој не скока, тој е за Јуве – Конте не сакаше да скока (Видео)

Интер пред 5 000 навивачи ја претстави својата трета гарнитура на дресови за оваа сезона, а најинтересниот момент од прославата по повод промоцијата се случи кога фановите почнаа да скандираат против Јувентус.

„Кој не скока, тој е бело-црн“, пееја фановите и скокаа, а скокаа речиси и сите фудбалери на Интер. Но, тренерот Антонио Конте, кој голем дел од кариерата мина во Јуве, а беше и тренер на најтрофејниот италијански клуб, не скокаше. Конте само се смешкаше, но не ги удостои навивачите од Милано со скокање.

- Оглас -

Најнови вести