16.8 C
Skopje
недела, 20 јули 2025

Кој оди понатаму во Лигата на Европа и Конференциската лига: Четирикратниот европски првак е голем аутсајдер, Италија бара утеха за катастрофата во ЛШ

Вечерва ќе бидат познати осумте најдобри екипи во Лигата на Европа и Конференциската лига на УЕФА, а во Sport Life може да типувате кој клуб ќе оди во следната фаза. Има мечеви каде што веќе сè е јасно, па Ливерпул треба рутински да ги одработи 90-те минути на „Енфилд роуд“ против Спарта Прага откако на гости победи со 5:1.

Рома има убедливи 4:0 против Брајтон и вечерва игра во Англија, додека Милан во Прага патува со залиха од два гола по триумфот со 4:2 против Славија на „Сан Сиро“. Италија, која е единствена од Топ 5 лигите без претставник во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Треба да има две екипи меѓу најдобрите осум во Лигата на Европа.

Неизвесно ќе биде на двете пресметки на кои има португалски екипи. Глазгов ренџерс дома игра против Бенфика (првиот меч заврши 2:2), а Аталанта во Бергамо ја чека реванш против Спортинг откако во Лисабон дуелот заврши 1:1.

Во Конференциксата лига на УЕФА има шампионска пресметка. Четирикратниот европски првак Ајакс е во улога на аутсајдер на гости кај Астон вила, која исто така низ историјата еднаш била првак на Стариот Континент. Првиот меч во Амстердам заврши без голови.

Во следната фаза треба да оди и хрватскиот првак Динамо Загреб, а неизвесно ќе биде на реванш-дуелот меѓу Бриж и Молде.

- Оглас -

Најнови вести