Кој прв до две победи – Химки или Будуќност?

Репрезентативните обврски завршија, но тоа не значи дека во една „празна“ среда нема што да се игра. Додека ги чекаме фудбалерите да се вратат во своите клубови и да продолжат со фудбалските возбудувања, денес ќе ги искористиме средбите од кошаркарската Евролига, односно Европкупот, и ракометната Лига на шампиони како предлози за типување.

Химки – Будуќност (18 часот)

Ниту на едната, ниту на другата екипа никако да им тргне во елитното континентално натпреварување. Всушност, шампионот на АБА во претходното коло конечно стигна до првиот овосезонски триумф, на Химки тоа му успеа два меча порано, но и двете екипите делат ист скор, 1-6. Кој прв ќе стигне до втората победа? Химки е во фаворитска улога од неколку причини. Најмногу бидејќи го имаат Алексеј Швед, најдобриот стрелец во Евролигата, а, секако, имаат и предност на домашен терен, како и повеќе искуство од црногорскиот состав во овој шампионат.

Предлог тип: 1-1 & <152.5 (2.60)

 

ЦСКА Москва – Жалгирис Каунас (18.45 часот)

Ќе има реприза од борбата за третото место на последното Ф4, но Жалгирис гостува на теренот каде што никогаш не забележал победа во рамките од Евролигата. ЦСКА планира така и да остане, нејзиниот кошаркарски храм да биде неосвоива тврдина за Литванците. Исто така, кошаркарите на Итудис имаат задача да го задржат чекорот со Реал Мадрид, па и по осум меча, да останат непоразени. Отсуството на искусниот Паулис Јанкунас создава дополнителни проблеми кај Жалгирис.

Предлог тип: 1 & >167.5 (2.30)

 

Панатинаикос – Барселона (20 часот)

Исклучиво интересна ќе биде оваа пресметка. ПАО и Барса редовно приредуваат екстра дуели за гледање, а тоа се очекува и вечерва. Каталонците последен пат во Атина се радуваа во 2015 година, кога ги предводеше Чави Пасквал, сегашниот тренер на грчкиот состав. Од тој меч, во наредните шест средби победувал тимот кој бил домаќин, што значи дека скорот е 3-3 меѓу овие две екипи.

Избраниците на Светислав Пешиќ се во одлична форма, имаат амбиции да ја продолжат низата победи на шест во Евролигата, додека Панатинаикос ќе сака што побрзо да закрепне од поразот од Анадолу Ефес во претходното коло.

Предлог тип: <80.50 прво (1.88)

 

Партизан – Валенсија (19 часот)

Доаѓањето на Андреа Тринкиери на клупата на Партизан донесе доста измени во играта на „црно-белите“, а сега знаењето на италијанскиот стратег одново ќе биде тестирано. Белграѓани се пред нов предизвик, им гостува шпанска Валенсија во рамките од осмото коло во Европкупот. Скорот на двете екипи гласи 5-2, меѓутоа Валенсија има пет победи и два порази, додека кај Партизан е сосема спротивен случајот. Двата порази Шпанците ги претрпеа во последните пет меча, а во Партизан се опитимстични дека можат дополнително да им ги закомплицираат работите.

Предлог тип: Т1 & T2 >72.5 (1.88)

 

Рајн-Некар Левен – Веспрем (19 часот)

Лавовите потклекнаа во претходното коло пред шампионот Монпелје, што за нив значеше трет пораз по осум средби во групната фаза од ЛШ. За Веспрем, еден од двата порази на последните шест меча е токму од Рајн-Некар, загубија пред своја публика, а денес ќе сакаат да се реваншираат, тоа е несомнено. Дуел меѓу овие две екипи е секогаш неизвесен, а најчесто знае да одлучи поцврстата одбрана.

Предлог тип 1 & <57.5 (3.23)

- Оглас -

Најнови вести