Македонската ракометна репрезентација прв пат одигра само три меча на Европско првенство и ги заврши настапите. Во трите меча од групната фаза, на терен се појавија 14 играчи и двајца голмани. Европската ракометна куќа (ЕХФ) има комплетна статистика за тоа кој како и колку одиграл на теренот во „Стадхале“ во Виена.
Дејан Манасков е играчот кој помина убедливо најдолго време на теренот. Во трите меча играше на 151 минути од вкупно 180 можни. За тоа време Манасков упати 19 шута, а погоди 11 пати. Кога сме кај шутевите и головите, прв на двете листи е капитенот Кирил Лазаров. Тој има 22 погодоци од 35 обиди, што се солидни 63 отсто реализација. Со воцифрен број на голови е само уште Стојанче Стоилов кој погоди 10 пати од 13 шута, за одлични 77 отсто прецизност.
Мартин Поповски даде три гола од три обиди за перфектни 100 отсто реализаиција, а еден од еден имаа Мартин Велковски и Горан Крстевски.
Во групата си преку 100 минути поминати на терен се и Филип Талески со 143 минути, Стоилов со 136, а по 135 минути играа Филип Кузмановски и Гоце Георгиевски. Никола Митревски бранеше 105 минути, а капитенот Лазаров на теренот беше 99 минути.
Голманите ни беа слаба карика. Митревски одбрани 18 шута од 70 обиди (26 отсто), додека Борко Ристовски имаше осум одбрани од 38 шута, што беше доволно за 21 отсто успешност. СО вака слаб процент кај двајцата голмани, не може да се очекува успех.