Кој сака, може да влезе, Катарците ги отворија вратите за следење на Сенегал – Холандија!

Има многу празни места на стадионот во Доха за време на дуелот на Сенегал и Холандија, а новинарите кои се присутни таму тврдат дека вратите се отворени и влезот е слободен за сите кои сакаат во живо да го проследат второто полувреме на мечот кој е во тек.

И таму имало компјутерски проблем со системот за билети како и на мечот Англија – Иран, но немало навивачи со билети кои не влегле, туку напротив, на трибините влегле и многу љубители на фудбалот кои немале билет, туку покажале само апликација која служи како виза за Катар која ја имаат навивачи со билет барем за еден меч на СП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести