Атлетико Мадрид објави дека ќе им ги врати парите на своите симпатизери кои нема да сакаат да бидат на трибините на „Енфилд роуд“ утре поради страв од Коронавирусот.
Сите што имаат влезници за гостинскиот сектор ќе можат да си ги повратат парите. Препораката на шпанската влада е да не се патува во Англија, но Атлетико ќе има поддршка од трибините.
Реваншот ќе се игра утре од 21 часот, а Атлетико Мадрид има предност од 1:0 по првиот осминафинален меч. УЕФА дозоволи на „Енфилд роуд“ да се игра во нормални услови со присуство на публика.
Пари Сен Жермен и Борусија Дортмунд исто така ќе играат утре од 21 часот, но пред празни трибини.