Ако се погледнат резултатите од денешните осум натпревари во Лигата на шампионите, веднаш може да се забележи дека на ниту еден меч не паднаа повеќе од два гола. Како ретко кога, напаѓачите беа послабо расположени од голманите и дефанзивците.
Иако секаде беше со 0-2 гола, само на еден меч немаше погодок, а никаде немаше и само еден гол. Дури на седум дуели паднаа два гола. Дури четири меча завршија со 1-1, а на три средби конечниот резултат беше 2-0 или 0-2.
Утре е нов ден во ЛШ, се надеваме на поголема ефикасност.