Кој си игра, тој си добива: Понеделничките голови збогатија верен играч за 3.000 евра (ФОТО)

Иако за понеделник велиме дека е најнамуртениот ден во неделата, така не беше за еден наш верен обложувач, кој со уплатени 100, си заработи 183.202 денари.

Тој од понеделничката понуда успеа да пронајде 12 натпревари каде што најмногу има играно 3+, како и тоа да видиме од два до три погодоци, а само еден му беше уплатен „чист“ кец. Тоа беше средбата од Ла Лига меѓу Атлетик Билбао и Леванте на којашто домаќините на крајот се радуваа на победа од 3:1 (1.62 коеф.).

Верниот обложувач убаво почувствува дека Тотенхем ќе има своја гол-вечер против Евертон и победата од 5:0 му донесе заокружување на 3+ со 1.78 квота.

Најризично беше на средбата меѓу Виљафранкезе и Рио Аве, каде што чекаше да паднат најмалку три погодоци, а резултатот до 82-рата минута беше 1:0, а во самата завршница третиот гол беше постигнат во 91-вата минута, да има целосен пресврт и голема радост.

Исто така причини за нервоза му донесоа и Нотингам форест и Хадерсфилд бидејќи се чекаше од 2-3 погодоци, а веќе по првото полувреме имаше три гола, а, за среќа, и конечниот исход на крајот остана 2:1.

 

- Оглас -

Најнови вести