Кој си знае си знае – Џејдон Санчо е фудбалски волшебник од мали нозе (Видео)

Џејдон Санчо е еден од лидерите во неговата генерација фудбалери родени на почетокот на овој милениум. Фудбалерот на Борусија Дортмунд има само 19 години, а веќе е меѓу најдобрите играчи од средниот ред на планетата.

Стигна и до стандардно место во репрезентацијата на Англија, секако е постојан член и во првата постава на популарните Милионери од Дортмунд, а многу интересно видео е објавено со волшебни потези и дриблинзи на Џејдон кога имал само 14 години.

Тогаш беше член на Академијата на Ватфорд. Во 2015 година се пресели во Манчестер сити, а две сезони подоцна го засили бундеслигашот Борусија Дортмунд.

Погледнете каков мајстор на фудбалската игра бил Санчо од мали нозе.

- Оглас -

Најнови вести