По завршувањето на Светското првенство, на сцената се врати клупскиот фудбал, и тоа со популарниот Боксинг деј, односно натпревари во Премиер лигата и англиските дивизии на ден по Божиќ, и повторно имаше луди резултати и дожд од голови, а тоа го искористија обложувачите да освојат убави добивки.
На сите седум натпревари во Премиер лигата беа постигнати три или повеќе гола, а ефикасно се играше и во останатите англиски дивизии и на мајстор за обложување му донесоа добивка од речиси 50.000 денари.
Обложувачот одигра три натпревари од Премиер лигата и уште седум од останатите дивизии.
Победите на Њукасл, Арсенал и Ливерпул беа убедливи, сите три екипи постигнаа по три гола.
Убедливите триумфи на Шефилд јунајтед од 3:1 над Ковентри и таа од 4:1 на Мидлсбро над Виган исто така лесно излегоа, а единствен критичен натпревар беше тој меѓу Алдершот и Вокинг од националната дивизија, кој заврши 1:2.
Третиот гол кој му донесе убава добивка на обложувачот беше постигнат во првата минута од судиското продолжение, и тоа од пенал.