Играчи во Sport Life изминатиов викенд беа расположени за освојување големи добивки. Беа исплатени многу големи добивки со релативно мали уплати, што е доказ дека тој што игра, добива.
СО ХРАБРА ИГРА НА ГОЛОВИ ДО ГОЛЕМ ЌАР
Играч од Брвеница само со уплата од 50 денари си заработи бруто-добивка од 230.294 денари. На овој тикет се погодени девет натпревари, на кои е одиграна храбра игра, да има еден или два гола и во двете полувремиња.
Обложувачот имал и голема доза на среќа бидејќи на неколку натпревари беа постигнати по четири гола, и тоа по два во полувремињата. Ајакс со 4:0 ја совлада Спарта, а за среќа на обложувачот во Брвеница, даде по два гола во двете полувремиња.
Клуж со 3:1 го победи Аргеш Питешти и исто така беа постигнати по два гола во двете полувремиња. Клуж само по 25 минути игра имаше водство од 2:0, но „крена рачна“ во првиот дел и во второто полувреме со гол во судиското продолжениe ја завери победата.
Критично беше и на дуелите Ламија – Олимпијакос и Спарта Прага – Јаблонец бидејќи фаворитите само по 70 минути игра, имаа водство од 3:0. За среќа на обложувачот, не постигнаа голови до крајот и му донесоа голема бруто-добивка од 230.294 денари.
ФАВОРИТИТЕ МУ ДОНЕСОА УБАВА ДОБИВКА
Во уплатно место на Sport Life во скопско Козле уплатен е тикет за 100 денари на кој се одиграни различни комбинации на фаворитите и на кои на крајот на обложувачот му донесоа 146.792 денари бруто-добивка.
На тикетот се одиграни девет натпревари со различни игри, како конечен тип, полувреме-крај со голови, како и на голови.
Борусија Дортмунд беше единствен фикс на тикетот и Милионерите лесно ја завршија работата победувајќи со 4:1. Ајакс и Спарта Прага исто така беа убедливи, додека Барселона двата гола кои „ги бараше“ обложувачот ги постигна во првото полувреме. И останатите фаворити релативно лесно си ја завршија работата, Манчестер јунајтед и Брага постигнаа најмалку по еден гол во двете полувремиња. Мрежите често се тресеа и на дуелите меѓу Баер-Мајнц (2:3) и Тирол-Салцбург (1:3), на кои обложувачот бараше да бидат постигнати од еден до три гола и во првото и во второто полувреме.