Кој со кого и кога игра – Шпанија и Данска во нова мегапресметка на титаните

Шпанија и Данска во петок од 20:30 часот ќе водат нова ракометна војна, овојпат за пласман во финалето на Европското ракометно првенство.

Истиот ден, но од 18:00 часот силите ќе ги одмерат Франција и Шведска, две селекции кои во последните мигови направија неверојатни пресврти и остварија значајни победи, со коишто си обезбедија и борба за медал.

Исто така во петок, но со термин од 15:30 часот за петтото место ќе играат Исланд и Норвешка, репрезентации коишто беа (пре)многу блиску да бидат на местата на Франција и Шведска.

Во недела, пак, од 15:30 часот е закажан мечот за третото место, додека големото финале е од 18:00 часот.

Сите натпревари се играат во Унгарија, во „МВМ Дом арената“ во Будимпешта.

- Оглас -

Најнови вести