Кој со кого игра до крајот и какви се шансите Македонија да остане втора

По седум одиграни кола, Македонија е втора во групата Ј со 12 бода. Само Германија е пред нас. Четирикратниот светски првак има 18 бодови и речиси сигурно ќе го освои првото место во групата, кое носи директен пласман на завршницата на Светското првенство во Катар.

За второто место, во преостанатите три кола ќе се борат Македонија (12 бодови), Ерменија (12 бодови) и Романија (10 бодови). Според распоредот до крајот од квалификациите, Македонија може и сама ќе си решава дали ќе остане втора. Во следното коло играме против Германија, па дури и да загубиме, адуот ќе го имаме во последните две кола.

Е тогаш ќе мора да ја победиме Ерменија на гости, а во последното коло реално е да очекуваме три бода против отпишаниот Исланд. Ерменија и Романија играат меѓусебе во Букурешт во следното коло. Ерменците потоа се домаќини на Македонија, а во последното коло дома ќе играат и против Германија.

Романија ако ја победи Ерменија во следното коло, потоа ќе има мотив повеќе во дуелот со Исланд, додека во последното коло ќе гостува кај аутсајдерот Лихтенштајн.

За Македонија најдобро е Романија и Ерменија во следното коло да одиграат нерешено, а тоа ќе значи дека ние со две победи во последните три кола ќе завршиме како втори.

8 КОЛО (11 октомври): Македонија – Германија, Романија – Ерменија и Исланд – Лихтенштајн.

9 КОЛО (11 ноември): Ерменија – Македонија, Германија – Лихтенштајн, Романија – Исланд.

10 КОЛО (14 ноември): Македонија – Исланд, Ерменија – Германија, Лихтенштајн – Романија.

- Оглас -

Најнови вести