Кој вели дека Германците се ладнокрвни – Скокна на трибини за да се тепа со навивачите (Видео)

Тони Лејстнер направи голем инцидент на куп-дуелот во Германија меѓу Динамо Дрезден и Хамбургер, истрча на трибините за да се пресмета со еден навивач на домаќините, а потоа едвај спаси жива глава.

Стоперот на Хамбургер веројатно испровоциран по поразот од 4:1, се качи на трибината на која беа навивачи на Динамо и со еден од нив се обиде и да се пресмета. Потоа имаше контранапад од останатите симпатизери на клубот од Дрезден, за среќа, без сериозни последици.

Мечот го следеа над 10 илјади гледачи на „Рудолф Харбиг“ во Дрезден, што е рекордна посета во првото коло од популарниот ДФБ покал, а потегот на Лејстнер е неверојатен кога станува збор за дисцилинираните Германци.

Стоперот на Хамбургер сигурно ќе биде казнет за инцидентот по завршување на натпреварот.

- Оглас -

Најнови вести